Архитектура и градба - категорија

рабник повеќе

мн. рабници
Вид збор: Именка, машки род
рабен камен
Англиски: curbstone

разѕида повеќе

разѕидат
Вид збор: Глагол, свршен
Разруши нешто што е изѕидано.
Примери:
Веднаш да го разѕидате прозорецов.

разѕидува повеќе

Види и: разѕида (св.)
разѕидуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
разѕида

разѕидување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
разѕидува

регал повеќе

мн. регали
Вид збор: Именка, машки род
Мебел со полици за сместување различни предмети.
Англиски: shelf Германски: Regal Албански: raft

редефинира повеќе

Види и: дефинира (св. и несв.)
редефинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Повторно среди, средува, прераспореди, прераспоредува определен простор или дел од него.

резиденција повеќе

мн. резиденции
Вид збор: Именка, женски род
Место на постојан престој на глава на држава или влада, а исто така и на лица што заземаат висока управна положба.
Англиски: residence

реконструкција повеќе

мн. реконструкции
Вид збор: Именка, женски род
Повторна изградба, преобновување нешто и враќање во слична или во иста форма, обнова на постојна конструкција на објект и сл.
Англиски: reconstruction

ренесанса повеќе

(едн.) ренесансата
Вид збор: Именка, женски род
Архитектурен стил од тоа време.
Англиски: renaissance Албански: renesansë

реновира повеќе

реновираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обнови, обновува, измени, изменува на подобро.
Англиски: renovate
Примери:
Ќе ја реновира малу куќата.

реновирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
реновира
Англиски: renovation

решетка повеќе

мн. решетки
Вид збор: Именка, женски род
Ограда од преплетени дрвени или метални прачки.
Англиски: grid Албански: grilë
Примери:
Решетките на прозорците.

розета повеќе

мн. розети
Вид збор: Именка, женски род
Уметнички украс, орнамент во вид на цвет на ружа со стилизирани листови.
Англиски: rosette Албански: rozetë
тркалезно прозорче
Англиски: rosette Албански: rozetë, dritare e rrumbullakët

рококо повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Архитектурен и декоративен стил појавен во втората половина на 18 век во Франција.
Англиски: rococo
Примери:
Во стилот на рококо.

ролетар повеќе

мн. ролетари
Вид збор: Именка, машки род
Мајстор за ролетни.

ролетна повеќе

мн. ролетни
Вид збор: Именка, женски род
Завеса од дрво или ламарина за прозорци и врати.
Англиски: roller blind Албански: roletne

ротонда повеќе

мн. ротонди
Вид збор: Именка, женски род
Валчеста градба со купола.
Англиски: rotunda

рустика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ѕид од грубо делкан камен.

рушевина повеќе

мн. рушевини
Вид збор: Именка, женски род
разрушен, урнат објект
Англиски: ruin
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш